Хабиб Нурмагомедов беше гостин на интернет предавањето на Кевин Лоле и зборуваше за претстојната борба со Тони Фергусон и се разбира за евентуална битка со Мек Грегор во Русија:
„Многу луѓе го нарекуваа „Кралот на лесната категорија“, но сега стана „Крал на бургерите“. Кралот на хамбургерите има добар живот, пари и е познат.
Подобро ќе биде за него да се држи настрана од мене и од добрите луѓе во лесна категорија. Кога си во октагонот со мене, тоа нема да биде како да сте во „Бургер кинг“. Тој веќе направи многу во УФЦ и подобро е за него да не се закачка со мене. Тоа не е како бургерите, стој поделку од мене. Сметам дека сака лесни битки кои ќе му направат уште повеќе пари, но, според мене, тој воопшто нема да се врати.
Тој треба да изгледа добро за пред медиумите, да продава разно-разни нешта, не му треба да се бори со човек кој ќе го собори на земјата и ќе го претепа“.