На Хабиб Нурмагомедов не му пречи на неговиот противник Конор Мек Грегор да присуствува на настанот во Абу Даби.
„Орелот“ ќе ја брани титулата во лесна категорија против привремениот шампион Дастин Пориер во главната борба на настанот. Претседателот на УФЦ посочи дека Мек Грегор може да оди во Абу Даби за да го следи натпреварот во живо и тоа дефинитивно ќе биде добар потег од Конор, ако сака да го предизвика Нурмагомедов за реванш средба. Хабиб, сепак, го предупреди Мек Грегор дека тоа нема да биде како во Њујорк и ќе биде тешко Озлогласениот да изле ако направи некоја глупост:
„Ќе биде многу потешко да се напушти Абу Даби и тоа нема да биде како во Њујорк. Ако сака да дојде, ќе му кажам дека мора да седне и да ги гледа борбите, бидејќи неговите трикови нема да усопеат таму. Абу Даби не е место за глупости. Нека дојде ако сака, но неговите будалаштини нема да проработат на ова место“.