Хабиб Нурмагомедов ќе оди за САД во септември

Хабиб Нурмагомедов ќе ја задржи традицијата и ќе го започне тренингот во родниот Дагестан. „Орелот“ се подготвува да ја одбрани титулата против Џстин Гејџ во октомври во Абу Даби во главната борба на УФЦ 254. Непоразениот шампион го загуби својот татко на почетокот на минатиот месец и сега ќе мора да се справи без негово водство.

Многумина веруваат дека Хабиб ќе биде сосема различен борец без татко му, додека други веруваат дека загубата ќе го направи посилен. Нурмагомедов секогаш ги започнува своите тренинг кампови на планините во Дагестан, а потоа заминува во САД да тренира во АКА. На својот профил на социјалните мрежи, шампионот рече дека ќе има тешки подготовки и во септември ќе слета во Калифорнија, каде ќе го заврши својот кампот.

„Ќе биде тешка подготовка. Хавиер, ќе бидеме заедно во септември. Ми недостигаш“, напиша Хабиб.

https://www.instagram.com/p/CDZCv9RMMPc/?utm_source=ig_embed

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО