Хабиб Нурмагомедов се подготвува за голема средба со Дана Вајт, каде ќе одлучат за неговата иднина.
Непоразениот шампион во лесна категорија УФЦ успеа да ја одбрани титулата на крајот на минатиот месец во Абу Даби. Тој беше прилично емотивен по победата над Џастин Гејџи, што за него беше 29-та по ред во кафезот.
„Орелот“ објави дека се повлекува од ММА затоа што и ветил на својата мајка и не сака да се бори без Абдулманап Нурмагомедов, кој почина на почетокот на оваа година. До денес, организацијата сè уште го држи Хабиб шампион во во лесна категорија, но тоа наскоро може да се промени.
Хабиб е категоричен дека не сака повеќе да се бори, но Дана Вајт не е убеден во тоа. Тие наскоро ќе се сретнат, за да разговараат за работите.
„Само сакам да го видам Дана Вајт. Ние секогаш се забавуваме. Имам нешто интересно за него, а тој има нешто интересно за мене. Ќе видиме. Ќе имаме одличен разговор“, изјави Хабиб Нурмагомедов во интервју за Спортс.ру.
.