Серускиот центар за истражување на јавното мислење го прогласи Хабиб Нурмагомедов за најпопуларен спортист во Русија. „Орелот“ се пофали со признанието во својот профил на социјалните мрежи. Тој рече дека е многу горд затоа што е важно признание на борците и експертите, но за обичните луѓе е сосема друго да го препознаат.
Непоразениот шампион им се заблагодари на сите и напиша дека ова немаше да се случи ако не беа луѓето. 32-годишниот Дагестанец ја одбрани титулата по трет пат со победата над Џастин Гејџи на крајот на октомври. Веднаш по борбата објави дека се повлекува од ММА со скор 29-0, затоа што и ветил на својата мајка и не сакал да се бори без татко му, кој почина во јули оваа година.
Неодамна купи ММА организација за 1 милион долари и веќе има направено 2 настани. Нурмагомедов го лансираше својот мобилен оператор и планира да му се посвети на образованието и животните на неговата фарма.