Хабиб: Никој не мe удирал појако од Гејџи

Хабиб Нурмагомедов тврди дека никој не го удрил посилно од Џастин Гејџи. На крајот на минатата година се бореа во борба за обединување на титулите во лесна категорија.

Хабиб успеа да изврши сериозен притисок врз Џастин и го измори уште во првата рунда. Во втората Нурмагомедов успеа да го собори, му направи триаголник, а Гејџи одби да се откаже и се онесвести.

Така, Хабиб ја одбрани титулата и објави дека се повлекува од ММА со сркор 29-0 во кафезот. Неодамна, Нурмагомедов учествуваше во подкастот на легендата Мајк Тајсон:

„Ова момче Џастин Гејџи удира како камион. Никој не ме удрил посилно од Гејџи. Негови удари со нога и со рака, лево кроше, десно кроше, десен аперкат. Го натерав да ме удри.

Влегов во кафезот со него и си реков дека ќе го однесам во длабокиот океан. Сакав да го уморам во стоечка положба, потоа да го соборам и да го завршам на партер.

Прво му направив клуч на раката, но знаев дека веројатно нема да се откаже. Ова ме натера да се направам триаголник, бидејќи на тој начин ќе заспие и нема да ја скрши раката пред родителите“, рече Хабиб за Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON