Хабиб не му остана должен на Конор: Ти се силувач, ќе те стигне правдата!

Го дочекавме одговорот на Хабиб Нурмагомедов за навредата што му ја испрати денеска на Конор Мек Грегор. Дагестанот не задржа на иста тема, туку ја префрли „топката“ на односот на ирскиот борец со жените.

Да потсетиме дека Мек Грегор на Твиртер постави фотографија од свадбата на Хабиб. Неговата сопругаја нарече крпа, алудирајќи на покривката што ја имаше на главата. Постот беше брзо отстранет, но еден од фановите го сними и многу брзо се најде во медиумите. Мек Грегор после тоа не се огласи денеска, додека се чекаше одговорот на неговиот последен противник.

Одговорот на Нурмагомед пристигна вечерва, но тој не сакаше на Мек Грегор да му одговори на истата тема. Наместо тоа, се зафати за нешто поактуелно. Ја постави фотографија на Мек Грегор и женска личност со текст кој с еоднесува на една актуелна тема.

„Силувач, ти си силувач“.

Ти си лицемер кој не прифаќа одговорност за своите постапки. Ќе те стигне првадата. Се ќе видиме“, напиша Хабиб.

На фотографија со Мек Грегор е Тери Мареј, девојка која неодамна изјави дека е татко на нејзиното дете. Тогаш додаде дека двапати спиеле заедно, додека свршеницата на Мек Грегор бил абремена со нивното второ дете. Текстот што го постави Хабиб се однесува повторното обновување на гласините. Тие однесуваат за потенцијалната тужба за силување. Њујорк тајмс неодамна повторно го покрена ова прашање, најавувајќи дека Мек Гргеор е предмет на истрага за силување во декември минатата година. Сепак, то се уште не е потврдено. Но, тоа беше доволно за Нурмагомедов да се фати за тоа и да го актуелизира во нивното ново препукување.

Конор Мек Грегор се пензионира пред неколку дена, иако Дана Вајт верува дека тоа не е трајна одлука. Од друга страна, Хабиб вчера откри дека може да им се врати на борбите во септември и да се соочи со победникот од мечот Макс Холовеј и Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON