Хабиб може да се обиде во политиката затоа што е познат и почитуван

Рускиот борец во Белатор, Сергеј Харитонов, мисли дека Хабиб Нурмагомедов може да се испроба во политиката.

Во последните неколку дена се шушка дека Хабиб решил целосно да се раздели со ММА. Би престанал со својата тренерска дејност која ја развива изминативе 2 години. „Орелот“ ја заврши кариерата откако го победи Џастин Гејџи во 2020 година.

Нурмагомедов во својата ММА кариера заработи над 30 милиони долари. Направи врски низ целиот свет, а во Обединетите Арапски Емирати го пречекуваат како кралска личност. Харитонов е првиот борец кој предвидува политичка кариера на поранешната ММА ѕвезда на УФЦ.

„Хабиб Нурмагомедов може да се испроба во политиката. Зошто да се испроба во политика? Може да се проба бидејќи има почит и слава. И, се разбира, авторитет“, изјави Харитонов за руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON