Хабиб: Махачев го завршува Оливеира во 3 рунда

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов предвиде можен меч меѓу Бразилецот Чарлс Оливеира и Дагестанецот Ислам Махачев.

Минатиот викенд Оливеира со задушување во првата рунда го победи Џастин Гејџи. За жал, потфрли на мерењето и не можеше да ја брани титулата. Во моментов, појасот е слободен, а Оливеира е неприкосновен предизвикувач.

Борците во лесна категорија се расправаат за битка со Оливеира. Името на Ислам се издвојува меѓу претендентите, но Дана Вајт сака Махачев да се бори со Бенеил Дариуш.

Нурмагомедов не престанува да притиска за Махачев и прогнозира победа со завршница за својот сонародник.

„Моја прогноза е дека средбата ќе трае најмногу три средби. Колку и да е добар Чарлс Оливеира, сепак, Ислам е подобар. Само запомнете ги овие зборови“, напиша Нурмагомедов на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Islam_Makhachev (@islam_makhachev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON