Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ќе одржи прес-конференција на 2 декември во Москва. Од него се очекува да објави што ќе прави со својата кариера, a најверојатно ќе потврди дека неговото пензионирање од ММА е конечно.
Пред еден месец „Орелот“ ја одбрани титулата во Абу Даби со победа над Џастин Гејџи. Нурмагомедов ја зголеми статистиката на 29-0 и веднаш по борбата објави дека се повлекува од спортот.
УФЦ одби да се држи до неговите зборови и го остави шампион, затоа што Дана Вајт верува дека Хабиб ќе се бори за 30-0 во кафезот. На неколку медиумски настапи Хабиб објави дека повеќе нема да се бори, но малкумина веруваат во тоа. Очигледно шампионот реши да стави крај на сите гласини и да ја потврди својата одлука. Допрва ќе видиме што ќе се случи на 2 декември.
Khabib Nurmagomedov will make a Press Conference in Moscow, December 2nd.
— Bruno Massami (Бруно Массами) (@BrMassami) November 26, 2020