Хабиб Нурмагомедов кон крајот на ноември во Москва ќе ја промовира својата прва автобиографска книга. Ова беше објавено на неговиот профил на Инстаграм.
„Многу ми е мило што можам да соопштам дека мојата автобиографија „Хабиб тајм“ (Времето на Хабиб) завршена и дадена на печатење“, напиша Нурмагомедов.
„На книгата работевме две години. Кога почнавме да ја пишуваме, не бевме сигурни дека за две години ќе бидам борец со веќе освоена титула шампион на УФЦ која успеал да ја одбрани во најголемата борба во историјата на ММА на УФЦ настан. Тогаш многумина ми велеа: „Зошто толку рано пишуваш книга, барем првин стани шампион итн“. Во секој случај, имаше многу критичари и признавам дека тоа беше ризично, но во овој момент оваа книга има смисла. Со извесна возбуда очекувам кога ќе можам да ја земам в раце, а презентацијата ќе се одржи веќе на 26 ноември на бизнис-форумот Синерџи глобал форум 2018 во Москва“, исткана Хабиб на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BqJhMFonmlp/?utm_source=ig_embed
Нурмагомедов е актуелен шампион на УФЦ во лесна категорија со скор од 27-0 во ММА.
Овој месец се шпекулира кој ќе бид енеговиот следен противник, а во опција беше и борбата со непоразениот боксер со Флојд Мејведер.