Хабиб: Јас командувам во мојата ММА лига, а не Дана Вајт

Во последните недели Хабиб Нурмагомедов е критикуван за неговите ставови. „Орелот“ изјави дека најнепотребни луѓе во боречките вештини се девојките кои покажуваат која е следната рунда. Хабиб нема девојки во својата ММА организација и не планира да вработува.

Поранешната ѕвезда на УФЦ продолжува да го брани своето мислење, иако многу луѓе не се согласуваат со него. Хабиб е ревносен муслиман кој израснал во семејна средина со различни вредности.

Во еден од настапите во медиумите пред неколку дена Хабиб повторно одговори на прашање за девојките со таблите.

„Ова е мое лично мислење. Многумина не се согласуваат со него, но која е разликата? Не ми е грижа што мислат другите за тоа.

Зборував за девојки околу кафезот кога ме прашаа за мојата ММА организација. Јас лично донесувам одлуки во неа, не Дана Вајт или некој друг“, рече Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON