На крајот на одличната прес-конференција која го најавуви УФЦ 223, кој е следниот викенд во американскиот Бруклин, УФЦ го организираше традиционалното соочување.
Така, очи во очи, еден спроти друг, првпат застанаа Макс Холовеј и Русинот Хабиб Нурмагомедов. Меѓу нив, очекувано, се наоѓаше претседателот на УФЦ Дана Вајт.
Соочувањето помина тивко. Нурмагомедов беше видливо опуштен, а пред Холовеј застана со насмевка на лицето и спуштени раце. Хаваецот беше многу понапнат, во очите можеше да му се види респектот, а некои би рекле и загриженост. Своите раце ги крена во гарт, цврсто се закопа и застанаа пред Нурмагомедов како во истиот момент да почнува мечот.
Погледнете го видеото:
.