Хабиб и Гејџи со милионски хонорари на УФЦ 254

Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи ќе заработат милионски хонорари за борбата на УФЦ 254 во Аби Даби за обединување на титулите во лесна категорија.

Дагестанецот ќе заработи 10.000.000 долари, а Гејџи 6.000.000. Сепак овие суми не се фиксни, бидејќи Дана Вајт кога ги потпишувал договорите со борците вметнал интересни клаузули.

Доколку борбата биде здодевна и не му се допадне, тој има можноста да им ги намали хонорарите, но исто така има право дополнително да ги награди доколку борбата биде над очекувањата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON