Хабиб Нурмагомедов даде интересен одговор на прашањето кога Кристијано Роналдо треба да замине во пензија. Според него секој спортист тоа треба да го направи на време, во спротивно младите ѕвезди кои допрва доаѓаат брзо ќе се вивнат.
„Тешко е да се напушти нешто што го правиш целиот живот. Но, не е важно дали сакаш да се пензионираше или не, ќе дојде времето кога спортот ќе те напушти доколку тоа не го сториш на време. Ако не си одиш кога треба, има многу млади играчи кои се мотивирани и ќе те остават зад нив. Нема да ја имаш истата мотивација и глад како на почетокот, практично тоа е крајот“, изјави Хабиб и додаде:
Никој не може да биде вечен, па затоа е најважно да замине на време. Колку година има ЦР? 34? Со 35 нема да биде исто физички силен. Не е важно дали станува збор за Кристијано Роналдо или Хабиб, ќе дојде некој кој ќе го земе твоето место“.