Хабиб го критикува УФЦ затоа што не ги рекламира Русите (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов не е задоволен од тоа што УФЦ не обрнува внимание на борците од Русија. Овој викенд, организацијата се враќа во Русија и ќе одржи настан во Санкт Петербург. Во фајт-картата на настанот има многу борци од Русија, кои според Орелот не добиваат доволно внимание и почит од страна на УФЦ.

„Се чини дека сите луѓе кои се тука се истите како на настанот во Москва. Членовите на медиумите се исти. Навивачите на УФЦ ќе гледаат настан, но има многу такви, кои дури и не знаат дека ќе има настан овде. Магомед Мустафаев ќе се бори против Рафаел Физиев, а луѓето дури и не знаат за таа битка. Речиси исто е со борбата меѓу Алексеј Олејник и Алистер Оверем. Зошто не ги рекламирате?

На првиот настан се бореа Маирбек Таисумов, Рустам Хабилов,Омари Ахмедов, но дури и не и дадоа шанса да учествуваат на настани со медиумите и не ги рекламираа. Крилов учествуваше откако првично беше ослободен. Петр Јан исто така зеде учество. Мислам дека УФЦ треба да ја промени политиката и да посвети поголемо внимание на нашите борци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON