Хабиб го доби највисокото одликување и понуда за работа од претседателот на Дагестан (ФОТО)

Шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, ја продолжува својата турнеја на средби со високи функционери и политичари.

Непоразениот Дагестанец се сретна и со претседателот на својата република Владимир Василев, кој поради успесите во спортот му го врачи највисокото можно одликување – Орден за заслуги на Република Дагестан.

„Баш неодамна сфатив дека долго време не сум добил никаков медал. Последниот го освоив на Светското првенство 2011 година. Потоа настапува исклучиво како професионалец и добивав пари, но немаше медали. Многу сум среќен што ми е доделена така важна награда“, изјави Хабиб за ТАСС.

Но, тоа не е сè. Василиев му понудил и работа на Хабиб во владата.

„Да, добив понуда да станам помошник на водачот на Дагестан, но за тоа ќе расправаме на следниот состанок“, рече Нурмагомедов.

Нурмагоемодов на 6 ноември на УФЦ 229 во Лас Вегас ја одбрани титулата победувајќи ја најголемата ѕвезда на овој спорт Конор Мек Грегор присилувајќи го на предавање во четвртата рунда. Победата на „Орелот“ му обезбеди голема популарност, но поради неспортското однесување по борбата идниот месец ќе мора да одговора на Спортската комисија на Невада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON