Хабиб е подготвен за борба со Жорж Сент Пјер во Канада

Непоразениот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов долго време бараше битка со поранешниот шампион во полусредна и средна категорија Жорж Сент Пјер. Прегораа неколку месеци, но на крајот УФЦ одлучи дека не сакаат таква борба и тоа го налути Раш. Претходно оваа година, Жорж на прес-конференција објави дека официјално се повлекува од ММА затоа што од УФЦ нему ја прифатиле борбата со Хабиб.

ЖСП се повлече со скор 26-2 во ММА и во серија од 13 последователни победи. Хабиб го замоли да не се повлекува, но тоа не ја смени одлуката на поранешниот шампион. Сега „Орелот“ ќе го брани појасот за една недела во Абу Даби против Дастин Пориер, а во неговиот ум повторно е битка со легендарниот Жорж Сент Пјер. Непоразениот борец од Дагестан е подготвен да замине во Канада за да се соочи со еден од најдобрите во ММА историјата:

„Можете ли да замислите битка меѓу мене и Жорж Сент Пјер во Монтреал? Ќе има простор за околу 55.000 луѓе. Можеме да се бориме во Москва на голем стадион на кој можат да се сместат 80.000 луѓе. Мислам дека оваа борба треба да се случи во Монтреал или Москва. 100 отсто ќе го продадеме целиот стадион.

Жорж Сен Пјер е големо имеа, а јас сум шампион. Зошто да не се бориме? Можеме да правиме што сакаме. Тоа е УФЦ, а не НБА или фудбал. Можеме да го наравиме тоа. Дастин Пориер и Тони Фергусон не можат да го сторат тоа. Сега е мое време и можам да го напрамвам тоа.

Кога борец гради име и ќе стане ѕвезда, тогаш може да направи вакви работи. Видовме дека Конор Мек Грегор имаше борба со Флојд Мејведер. Кога има двајца борци кои имаат големи имиња, тоа им овозможува да прават што сакаат“.

https://www.instagram.com/p/B1yJABqlzCA/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON