Хабиб Нурмагомедов додаде уште еден дрес со автограм на познат фудбалер во неговата колекција. Пред една недела, непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ се пофали со дрес на Килијан Мбапе, кој постигна три гола за Барселона.
Ѕвездата на ПСЖ го потпиша дресот и му го подари на „Орелот“, кој го гледаше мечот од трибините. На својот профил на социјалните мрежи опасниот шампион од Дагестан се пофали дека ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, му го подарил дресот со автограм. Холанд има 30 голови на 32 натпревари и многумина го сметаат за идна фудбалска легенда.
Така, Хабиб веќе има неколку дресови на некои од најпознатите фудбалери во светот. Пред неколку години зеде дрес и од легендата Кристијано Роналдо.