Хабиб Нурмагомедов интервенираше во расправиите меѓу Ирците Конор Мек Грегор и Пол Хјуз.
Минатиот викенд Пол се бореше за титулата на Белатор во лесна категорија со Усман Нурмагомедов, кој е братучед на Хабиб. Пол настапи силно, но загуби со одлука од Усман. Првично Конор застана во негова одбрана и рече дека ја добил борбата со Нурмагомедов, кој само бегал и не заслужил да победи. Подоцна се појави видео на кое се гледа како Хабиб и Пол разговараат.
Хјуз му вели дека не е како Мек Грегор и избрал да ги почитува Дагестанците. Ова не му се допадна на Конор, кој го критикуваше Пол и напиша дека им ги лиже газовите на Дагестанци.
„Пол Хјуз, ти си вистински Ирец. Ти не си силувач и наркоман како тоа копиле“, напиша Хабиб.
Расправијата меѓу Мек Грегор и Хабиб никогаш нема да има крај.
View this post on Instagram