Хабиб Нурмагомедов сонува неговата ММА организација да го надмине УФЦ и да стане број 1 во светот.
Пред неколку дена тој ја купи дагестанската ММА организација ГФЦ и ја преименува во ЕФЦ. „Орелот“ сака да постигне договор со УФЦ, односно да им обезбеди договори на оние борци кои ќе станат шампиони во неговата организација и ќе ја бранат титулата неколку пати.
Сличен договор има и меѓу УФЦ и руската промоција М-1. Хабиб дал еден милион долари на неговата организација и ќе разговара со Дана Вајт за да ги емитува неговите гала вечери на УФЦ Фајт пас. Следниот месец ќе се сретнат во Абу Даби и ќе разговараат за многу теми, од кои најважна е онаа за неговата иднина како борец во организацијата.
„Ја имав оваа понуда на Дана Вајт. Сакав да склучам договор со УФЦ Фајт пас за таму да емитувам борби на ЕФЦ. Нешто како нивниот договор со М-1, но малку поразлично. Сакав да разговарам за бројот на одбрани на титулата што треба да ги направи борец на ЕФЦ за да влезе во УФЦ.
На пример, борец потпишува на шест битки. Доколку победи и ја одбрани титулата неколку пати, ќе му обезбедиме договор со УФЦ. Потоа, откако тој ќе потпише со нив, ќе го следиме таму и ќе се грижиме за неговите проблеми. Не е тајна дека сите сакаат да се приклучат на УФЦ.
Другите промоции сакаат нивните борци да останат. Јас не го сакам ова. Сакам ЕФЦ да биде почетна точка за светската сцена. Ни требаат најмалку 10 години за да бидеме подобри од УФЦ, така што ги немаме тие цели. Се стремиме да станеме еден од најдобрите во светот“, изјави Хабиб за неговата организација.
.