Грег Харди повеќе по нокаутот од Сергеј Спивак доби отказ од УФЦ

Американскиот ММА борец Грег Харди повеќе не е член на УФЦ. Поранешниот американски фудбалер доби отказ од најголемата светска ММА организација по третиот пораз во низа.

По поразот од Марцин Тибура и Таи Туиваса, Харди загуби со нокаут во првата рунда од Сергеј Спивак на почетокот на март.

Тоа беше капка на трпението за раководството на промоцијата и го раскинаа договорот со него.

Тој помина четири години во УФЦ, има седум победи и пет порази, а еден меч е откажан.

„Каков пат… Вашето момче е далеку од завршен, само треба да средам некои работи. Благодарение на фановите и критичарите, ве ценам сите. Имам најголема почит кон моите тренери, семејството и УФЦ кои ми ја дадоа можноста“, напиша Грег Харди во објавата на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON