Граплинг легенда потпиша со ОНЕ за деби во ММА

Легендарниот Бразилец Маркус Алмеида потпиша договор со азиската организација ОНЕ Шампионат.

30-годишниот црн појас во бразилскиот џиу џицу ќе го направи своето деби во ММА. Бучеча ќе се натпреварува во тешка категорија. Али Абделазиз, кој е негов менаџер, рече дека Алмеида ќе биде и амбасадор на ОНЕ. Алмеида наскоро ќе почне со тренинг камп во „Еволв ММА“ во Сингапур.

Сè уште не е извесно кога и каде ќе го видиме во кафезот, но се очекува да се случи кон крајот на 2020 година или почетокот на следната година. Алмеида е позната во кариерата по граплингот, каде има освоено бројни златни медали на натпревари ширум светот. Неговите статистика е 128-13-1.

https://www.instagram.com/p/CDPykCblG_f/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON