Градоначалникот Бочварски ги прими борачите: Балканец пак ќе биде најдобар во Македонија! (ФОТО)

Денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, ги прими пионерите и кадетите на БК Балканец, по големиот успех што го постигнаа во Мурска Собота, Словенија, на Балканското првенство. Борачите на Балканец во составот на репрезентацијата на Македонија освоија три медали- два сребрени и еден бронзен, и тоа Стефан Штерјов, Филип Тасев и Ненад Панов, а Дарио Димитров беше петти.

На приемот, покрај децата, присуствуваа и челниците на Балканец, предводени од претседателот Виктор Богданов и неговиоот брат Дејан Богданов, кој е потпретседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и селекторот на пионерско-кадетската репрезентација, Давор Тасев.

„Упатувам благодарност до сите носители на медали на Балканското првенство, како и до раководството на Балканец и Федерацијата. Овие резултати градот ќе знае да ги вреднува..Вие сте гордост на градот. Овој клуб, пак, ќе биде најдобар во Македонија. Очекувам вие да дадете поттик и на другите деца да ја следат вашата работа, бидејќи само со работа се освојуваат медали. Ние, како локална самоуправа, ќе ве поддржиме. Балканец е светла ѕвезда во Штип“, рече градоначалникот Благој Бочварски.
Дејан Богданов потсети дека пионерската екипа на Балканец е екипен државен првак, додека Виктор Богданов ги истакна задачите на клубот.

„Почнавме од нула. Сега работиме со децата и кадетите. Медалите покажуваат дека нашата работа носи резултати“, рече тој.

Селекторот на македонската репрезентација за пионери и кадети, Давор Тасев забележа дека во иднина посебно внимание се посветува на најмладите и оти во клубот тренираат над 100 членови.Тој го спомена и екипниот резултат на македонската репрезентација во слободен и грчко-римски стил, прво и второ место на Балканското првенство .Голем удел од успехот на репрезентацијата на Македонија имаат членовите на Балканец,, додаде Давор Тасев.
Градоначалникот Благој Бочварски им врачи пригодни подароци на сите деца кои постигнаа одлични резултати на Балканското првенство.
Средбата мина во пријатна атмосфера. Пионерите ветија нови медали. Потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови, Дејан Богданов информираше дека од утре во Штип почнува семинар за боречки тренери. Се очекуваат околу 30 тренери од Македонија, кои ќе ги слушат предавањата на бугарскиот тренер, Кирил Ватев, на кого ова ќе му биде втор семинар во Македонија.

Ipon.mk/ K.M.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON