Гоце Јанески го совлада репрезентативецот на Србија, Филип Џиниќ, во четвртфиналето на Балканското првенство во бокс за сениори во Анталија – Турција.
Јанески во категоријата до 75 килограми славеше на поени со 3-2, а со тоа обезбеди место во полуфиналето и борнзен медал, каде што ќе се бори со Бесрат Пирева (Косово) кој настапи на годинашниов „Златен гонг“. Полуфиналето е во петок.
Вечерва настапува и Арсим Етеми (-81 кг) и ќе се бори со Бирол Ајгун од Турција.
Утре ќе се бори Јасин Лама (-63 кг) против Георге Димитреску од Романија.
Ipon.mk