Гоце Јанески (-75 кг) во финалето на „Златниот гонг“ го совлада Аремнед Незирај од Косово со едногласна одлука на судиите 3-0.
Јанески сигурно ја водеше борбата во сите три рунди, посебно до израз дојде неговата тактика во втората рунда кога зададе повеќе прецизни удари, а два аперката и еден директ беа многу јаки и ја разнишаа довербата на Незирај.
Во третата рунда Јанески тактичи се бореше и задаваше контра- удари.
Ipon.mk/В.Д.