Велигденскиот викенд боксерите на Аперкат од Скопје го одбележаа со настап турнирот „Опен Приштина“, и тоа со најдобриот боксер на турнирот, Гоце Јанески, кому му припадна победничкиот пехар.
Јанески забележа победа над домашен боксер. Неговиот клипски другар Дарио Тренчев, кој прв пат се качи во рингот, борбата ја заврши нерешено со боксер на БК Приштина.
Инаку, турнирот го организира боксерскиот ас Азис Салиху, освојувач на бронзениот медал од Олимпсиките игри во Лос Анџелес 1984 година.
ipon.mk/В.Д.