Викендов што доаѓа ќе се одржи силен меѓународен турнир во Приштина-Косово, кој е во календарот на ЕБУЦ, на кој ќе настапи нашиот млад и надежен репрезентативец Гоце Јанески од БК Аперкат.
Јанески ќе настапи во сениорска конкуренција, додека неговиот клупски другар Јасин Мифтар ќе се бори во јуниорска конкуренција.
„По две победи во Подгорица на Бенекс лигата и на турнирот во Лесковац „Боксинг деј 2016“ и во приштина одиме на победа“, велат од таборот на Гоце Јанески.
Ipon.mk/В. Д.