Готово е: Мејведер-Пакијао на 2-ри мај за обрт на 300 милиони долари!

floyd manny ilustracija

Готово е ! Тоа се потврди! На крајот е договорен веројатно најголемиот натпревар во историјата на професионалниот бокс. Повеќекратниот светски шампион, и во моментов во две промоции Флојд Мејведер Јуниор и неговиот најголем пандан Мани Пакијао на 2 мај ќе се борат за светската титула.

Иако Мејведер се уште официјално не потврдил ништо, но веста пренесе големиот Гардијан, а во јавноста нема да излезе со информација доколку таа не е 100 проценти проверена. Сето тоа го потврди Сем Вотсон, човек близок до тимот Мејведер.

„Тоа ќе биде борба која ќе ги собори сите рекорди“, така беше најавен дуелот помеѓу Мејведер и Мени Пакиао, од страна на Шугар Реј Ленард. Боксерскиот великан и член на големата боксерска четворка од ’80-те години (Хаглер, Хирнс, Дуран и Леонард) која пружи незаборавни бокс мечеви. Баш таков треба да биде оној кој е закажан за 2 мај во Лас Вегас.

Со години борбата беше „на чекор“ до закажување, а влијателниот англиски Guardian потврдува дека конечно сè е договорено.

„Се решаваат последните детали. Борбата ќе биде во продукција на Showtime – HBO. Едвај го чекам тој ден, ќе биде тоа голем настан“, изјави Сем Вотсон, човек од екипата на Мејведер.

Во 2009 година почнаа првите преговори за овој дуел, кои набрзо пропаднаа. Мејведер инсистираше за тестирање на „Пакмен“ и приказната траеше со месеци. Флојд инсистираше тестирањето да го направи USADA (Американска антидопинг агенција), но Боб Арум, промоторот на Пакмен, сметаше дека таа не е доволно неутрална агенција.

Една година подоцна имаше повторен обид за закажување на овој дуел. Тогаш работата, меѓу другото, се закочи и околу условите.

„Сигурно ќе заработи загарантирани 40 милиони долари, со никој нема да заработи толку пари освен во борба против мене“, грмеше Флојд во 2010, притоа прописно навредувајќи го Филипинецот.

„Тој е мало жолто шимпанзо. Кога ќе го згазам тоа џуџе хомосексуалец, ќе го натерам да ми направи суши со ориз“, беше Мејведеровата реторика која потсетуваше на Тајсоновите конференции за медиумите.

И во 2015 конечно трета среќа. Сите со нетрпение го чекаа развојот на преговорите.

И конечно, пред 36-годишниот Филипинец, после 62 професионални борби, е предизвикот на неговата кариера против една година постариот Мејведер. Се проценува дека ќе се завртат околу 300 милиони долари на овој меч. За споредба, толку кеш „списка“ Тајсон за време на целата негова кариера. Голем, голем, навистина епохален, не само боксерски, туку и спортски настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON