Ѓорги Петров од Партизан -Кочани и Јусра Адеми од Форца-Скопје освоија златни медали на Балканското првенство за деца во Херцег Нови-Црна Гора.
Петров и Адеми ги освоија златните медали во борби за деца до 11 години во категоријата до 40 килограми.
Сребрен медал освои Георги Бановски (Гладијатор-Велес) во кати за деца до 14 години, а на Абдурахим Идризи (Форца) во истата категорија му припадна бронзениот медал. Со бронзени медали се закитија Симона Николовска (Ботони) во борби (+ 40 кг) Дардан Цека -Шкендија (-40 кг) до 11 години, Ирена Ристиќ -Ботони (-47 кг) и Александар Неделковски (Металург) во кати до 13 години.
По сите работи што ги преживеаја каратистите со сместувањето ова е успех за почит.
ipon.mk/В.Д.