Горан Мијоски е првиот спортист што го развиори македонското знаме на СП 1992 година (ФОТО)

Денеска е Денот на македонското знаме.

Прв спортист што го носел македонското знаме на официјално меѓународно натпреварување е каратистот Горан Мијоски на Светското сениорско првенство во Гранада, Шпанија, во 1992 година.

„Имав неизмерна чест и задоволство да го носам македонското знаме на свеченото отворање на Светското првенство во карате во Гранада – Шпанија, на 19.11.1992 година. Со што сум прв носител на македонското знаме!“, пишува на Фејсбук Мијоски и додава:

„Воедно, тоа е и прв настап на македонска спортска репрезентација со име Република Македонија“.

Стојат: Горан Мијоски, Орце Стојчевски и Бошко Заборски:
Во сеизам: Љубо Петковски, Гоце Атанасовски и Слободан Лазарков.

„Во оваа прилика изразувам благодарност за предлогот на  стручниот тим на репрезентацијата (Чедомир Саздовски, Димче Кичевски, Атанас Филиповски, Живко Тасевски …) и изборот од колегите репрезентативци (Елвир, Орце, Љуфка, Бошко, Гоце, Цобе, Томче, Наум, Златко, Бети, Вале, Емилија, Александра и др.), јас да бидам носител на Македонското знаме!

И ден денес сум горд на овој настан и со емоции говорам за него!“, нагласува Мијоски.

Фото: Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON