Горан Алексовски – Конти шампион на Европа, Игор Митровски бронзен (ФОТО)

Горан Алексовски – Конти потсети на шампионските денови и освојувањето на малдинскиот европски медал на Европското карате шотокан првенство освојувајќи го златниот медал во мастерс категоријата од 41 до 46 години, додека Игор Митровски го освои бронзениот медал.

Така, нашите каратисти на најубавначин го зокружија настапот на ЕП во Скопје.

Алексовски се бореше со сиот жар и извојува три ефектни победи над тешки противници од Грузија, Азербејџан и Русија.

Игор Митровски немаше среќа да се избори за македонско финале, на што кумуваа и судиите.

Сепак, нашите истакнати каратисти имаа огромна поддршка од гледалиштето како никој досега, а и старата репрезентативна гарда беше тука да ги бодри.

Резулатити

Горан Алексовски – Александре Манџулашвили (Грузија) 2-0

Горан Алексовски – Сијавуш Бајрамов (Азербејџан) 2-1

Горан Алексовски – Александар Сурков (Русија) 2-1    

Игор Митровски – – Александар Сурков (Русија) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON