Денис Голцов (18-4) уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите тешкаши надвор од УФЦ.
25-годишниот Русин во главната борба АЦБ 41 во Сочи со хај кик/висок удар, по нешто повеќе од три минути на борбата, го нокаутира 42-годишниот Американец Паул Буентело (35-17).
Голцов во претходната борба со сабмишн го победи Мајк Кајл, а има победи и против Џејмс Мек Свинеи, Питер Греам, Брет Роџерс и Константин Ерохин.
Буентело во оваа борба влезе откако во последните два меча ги нокаутираше Сокоџу и Ерика Приндле.
https://youtu.be/xuBXnRmuMHY