Генади Головкин поразен го напушти рингот во Лас Вегас во 21-та одбрана на титулата светски шампион во средна категорија.
36-годишниот Казахстанец незадоволен од судската одлука го напушти борилиштето пред да даде интервју за ХБО.
По 12 рунди на непрекината акција судиите со мнозинска одлука победата му ја дадо на Канело (115-113, 115-113, 114-114).
Головкин подоцна рече неколку реченици за новинарите.
„Нема да кажам кој победи вечерва, зато што спрема судиите победата му припаѓа на Канело. Мислам дека ова беше многу добра борба за навивачите и многу возбудлива. Се борев подобро од него“.
На прашањето за можната трета средба, тој одговори: Под вистински услови, да.