Головкин потпиша за ДАЗН и е поблиску до трет меч со Канело

Генади Головкин (38-1-1, 34 КО) потпиша договор со ДАЗН и се приклучи во тимот на неговиот поранешен противник, Сол Алварез – Канело пред некое време пристапи во ДАЗН за огромна сума. ГГГ потпиша на три години и ќе мора да направи шест борби за новата платформа. Се смета дека сега преговорите и третата битка меѓу ГГГ и Канело ќе бидат многу полесни.

Головкин претходно беше под договор со ХБО, но тие го напуштија боксот, а ДАЗН брзо почна да доминира. Од ДАЗН пристигнаа пофални зборови за Голковин, кој ќе се бори во јуни, но се уште нема противник. Генади ќе добива осумцифрени износи и ќе мора да се бори два пати годишно.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON