Откако минатата недела објваи дека ја прекинува соработката со Абел Санчез, Генади Головкин назначи нов тренер.
Поранешниот светски шампион во средната категорија започнува соработка со Џонатан Бенкс, поранешениот тренер на Владимир Кличко.
Бенкс е поранешен боксер кој се борел во лесно-тешка и во тешка категорија, а главен тренер на Кличко стана по смртта на Емануел Стјуард во 2012 година.
Головкин неодамна потпиша договор за шест борби со стриминг сервисот ДАЗН, спрема кој треба да заработи 100 милиони долари. Парите, наводно, биле главната причина за прекинот на соработката со Абел Санчез со кого тренираше во изминатите девет години.
Следната борба на 37-годишна Казакстанец е на 8 јуни во Њујорк против Стив Ролс (19-0, 10 КО).