Господарот во средна категорија во професионалниот бокс, Генади Головкин, пак изрази желба да се соочи со Сол Алварез – Канело.
На ГГГ му претстои дуелот со Даниел Џејкобс, но веќе го планира и следниот потег по овој меч.
Тој смета дека победа против Џејкобс може да му обезбеди и средба со Алварез.
„Дали победата над Џејкобс ми обезбедува средба со Канело? Да, се разбира. Сто проценти“, посочи Казахстанецот.
„Сега сум фокусиран на Џејкобс, бидејќи е многу сериозен човек, светски шампион. Ова е средба за обединување на титулите. Потоа ќе сум подготвен за сите. Дали ќе е Канело или не, нема значење“.
„ Џејкобс има висок IQ за бокс, а е №2 во средна категорија. Но многу е важно кој е №1. Овој меч ќе покаже кој е најдобар. Ќе биде одлично шоу“, додаде ГГГ.
Тој смета дека средбата со Канело може да се одржи во септември.
„Мислам дека тој ќе биде подготвен за натпреварот во септември. Се надевам дека ова ќе се случи“.