Головкин: Кога го слушате Канело, јас како да не сум боксер, а не знам како не успеа да ме победи

Генади Головкин (38-0-1, 34 КО), вели дека воопшто не го загрижувала силината на ударите на Канело Алварез (49-1-2, 34 КО) во текот на нивната борба во септември минатата година која заврши без победник.

Една судијка мечот го бодуваше со неверојатни 118-110 за Мексиканцот, вториот судија го награди Головкин 115-113, а третиот ја виде средбата нерешено 114-114.

Реваншот е закажан за 15 септември повторно во Лас Вегас. Во меѓувреме, ИБФ му го одзеде појасот на Головкин, па против Канело ќе ги брани ВБА, ВБЦ и ИБО титулите во средна категорија.

„Тешко е да се сетиш по една година. Но, колку што се сеќавам не ме изненади со тешки удари. Тој воопшто не е силен удирач“, рече ГГГ.

Канело во едно неодамнешно интервју рече дека Головкин не е способен да направи прилагодувања за реваншот и дека ќе се бори на ист начин како и во првиот меч.

„Јас и не морам ништо да менувам, нивниот тим мора да промени сè. Не размислувам за него“.

„Ова е време кога многу се зборува. Тое заради на промовирањето на борбата. Ќе видиме што ќе се случи на 15-септемвриски. Сè ќе стане многу јасно“.

Тренерите на Кенло, таткото и синот Еди и Чепо Рејонсо, неодамна изјавија дека ГГГ е удирач кој постојано оди напред и дека му недостасуваат основите на боксот и одбранбените способности.

„По она што го зборуваат тие, јас како да не сум боксер. Интересно е како не успеа да ме победи првиот пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО