Генади Головкин се закани дека ќе покаже многу нови работи на средбата против Канело Алварез на нивниот меч на 16 септември во Лас Вегас кој е еден од најочекуваните дерби-мечеви во оваа година.
Тие направија отворени тренинзи во Лос Анџелес.
„Канело изгледа добро и силен во последните неколку натпревари. Затоа работев толку цврсто за време на тренинг кампот. Ќе покажам многу нови работи. Тоа е мојот најголем меч. Тренирав сериозно, за да станам светски шампион и сега одам на тоа да ја задржам таа позиција“, изјави Головкин.
Головкин сè уште нема пораз во својата кариера. Тој има 37 победи (33 со нокаут), додека Алварез е со 49 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз.
.