Поранешниот светски шампион во бокс Генади Головкин не исклучува враќање во боксот.
„Не сум ја завршил кариерата. Никогаш не сум најавил, не ми е во природата да давам такви изјави. За мене животот е движење. Доколку се укаже прилика, можете повторно да ме видите во рингот“, изјави Головкин.
Казахстанецот последен пат се бореше против Сол Алварез на 17 септември 2022 година и загуби.