Генади Головкин (42:2:1) без сомнение е еден од најголемите боксери на сите времиња, а иако допрва треба официјално да го објави крајот на кариерата, се чини дека веќе го насочил животот по активниот спорт. Додека го предводеше Олимпискиот комитет во родниот Казахстан, дури беше дел од делегацијата на Игрите во Париз. За Боксинг њуз изјави жалење за една работа од порано, имено противникот со кој никогаш немал шанса да се бори. Името изненади многумина.
Кели Павлик (40-2) е поранешен обединет светски шампион во средна категорија. Неговата кариера се протегаше од 2000 до 2012 година, за кое време одмери силите со Роб Бликли (77-42-1), Едуардо Гутиерез (32-21-2), Педро Ортега (31-14-1), Бронко Макарт (56-11-1), Џермејн Тејлор (33-4-1) и Бернард Хопкинс (55-8-2). Но, меѓу нив не е фигурира името на „ГГГ“, иако цели 6 години им се совпаднаа кариерите.
𝗚𝗚𝗚 𝗼𝗻 𝘁𝗵𝗲 𝗳𝗶𝗴𝗵𝘁 𝘁𝗵𝗮𝘁 𝗴𝗼𝘁 𝗮𝘄𝗮𝘆 🇰🇿@GGGBoxing reveals a huge middleweight fight that never materialised earlier on in his career.#ThrowbackThursday pic.twitter.com/c4O7nr74iG
— Boxing News+ (@BoxingNewsPlus) August 15, 2024
Головкин признава дека Павлик е еден од најдобрите боксери во своето време, и иако скоро сите негови противници биле со исклучително висок квалитет, сепак, жали што немал можност да се соочи со него за да се докаже.