Головкин го откажува мечот со Сандерс, ќе го чека Канело

Се чинеше дуелот меѓу Генади Головкин и Били Џо Сандерс во јуни е многу веројатен, сепак, сега изгледа дека оваа средба нема да се одржи.

Се смета дека наместо да се бори со Сандерс во текот на летото, ГГГ претпочита да го почека мечот со Канело – Алварез во септември.

Преговорите меѓу Головкин и Сандерс беа во напредна фаза, но сега изгледа дека Казахстанецот преферира да ја почека средбата со Алварез.

Тоа го потврди и британскиот промотор Френк Ворен, кој истакна дека веќе добил уверување од таборот на ГГГ оти Головкин е повреден.

„Во моментов, велат дека Головкин има траума. Почекајте да видиме што ќе се случи. Ние се согласивме на сите услови. Правиме се што е во наша моќ, за да може овој дуел да стане реалност. Били го заслужува тоа“, коментира Ворен.

Промоторот на Канело, Оскар де ла Хоја, исто така е против идејата Головкин во јуни да боксира со Били Џо Сандерс. Де ла Хоја е загрижен, затоа што ГГГ може да заработи повреда која може да го исфрли од евентуалната борба во септември со Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON