Поранешниот шампион Генади Головкин го победи со нокаут во четвртата рунда Стив Ролс во „Медисон сквер гарден“ и упати последователен предизвик кон големиот противник Канело Алварез за завршување на ривалството со трилогија.
Головкин го нокаутира противникот со немилосрдните лев директ, пред тоа добро го разниша со два последователни брзи десни директи. Ролс, кој е 15-ти на ранглистата на ВБЦ во средна категорија, не можеше да се исправи при одбројувањето до 10 и така мораше да го прифати поразот.
И покрај раната завршница, ГГГ не треба да заборави дека во претходните три рунди
„изеде“ неколку многу добри удари и неговата одбрана беше разбиена. Ова може да биде одлична вест за Канело Алварез, кој е уште подобар боксер од Ролс.
Ако третиот меч меѓу нив не се одржи веднаш, Головкин ќе може да се загрее со некого од Роб Брант, Димитрис Андраде, Кејлеб Плант, Антони Дирел, Калм Смит или Били Џо Саундерс, иако последните се од суперсредна категорија. Ова е 39 победа за Головкин и 35 со нокаут, а прв пораз за Ролс, кој претходно имаше 19 победи.