Македонскиот талент за боречки спортови, Кристијан Воденски, денеска освои бронзен медал на Републичкото првенство на Хесен во Греманија (Landesmeisterschaft Ringen) во грчко-римски стил до 29 килограми..
Кристијан доби три борби во својата група, а во полуфиналната борба загуби од Мике Рабе.
Уште поголемо признание за Воденски е поканата од Германската федерација за борење да земе учество во Академијата за борење, која треба да почне од идната недела и ќе трае една година.
Ipon.mk/В.Д.