Голема сензација на Игрите во Париз! Хрватката Катарина Кришто на чекор до медал ја исфрли најдобрата џудистка во светот

Хрватската џудистка Катарина Кришто направи голема сензација na олимпискиот турнир во Париз, ја исфрли фаворизираната Јапонка Такаичи Мика.

Во второто коло во категоријата до 63 килограми Катарина со одлично фрлање ја совлада јапонската претставничка откако мечот отиде до златен бод. Првиот дел од натпреварот заврши 0-0.

Хрватката во првото коло со два ваза-ари ја победи Надија Мичико Гимендего од Централноафриканската Република, додека Јапонката беше подобра од Кубанката Мајлин дел Торо Карвахал.

Во четвртфиналната рунда Кристо го победи јужнокорејската претставничка Ким Џи-Су. Повторно мечот заврши без освоени поени по првите четири минути, а следеше борбата за златниот бод. Кришто со Ипон извојува победа над 16.пласираната џудистка.

Влегувањето во полуфиналето ја донесе Кристо само на чекор до медал. До крајот на турнирот и се загарантирани два меча. Доколку победи секако ја чека финалето, а во случај на пораз следи борба за бронза. Полуфиналниот настап е закажан по 16:00 часот.

Фото: EJU – G.J.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON