Имавме големи очекувања за настанот УФЦ 311, а сега кога се е готово, можеме да кажеме дека настанот дури и ги надмина очекувањата. Во рамките на овој настан можевме да проследиме 13 одлични натпревари, а на Дана Вајт не му беше лесна работа кога делеше бонуси.
Впечаток е дека направи една голема грешка. Имено, Ислам Махачев остана без бонус кој апсолутно го заслужи имајќи ги предвид сите околности. Најпрво, шампионот во лесна категорија прифати заменски противник само ден пред настанот, што многу шампиони не би го направиле. Потоа, Махачев го заврши Ренато Моикано во првата рунда и постави рекорд за одбрана на појасот во лесна категорија на УФЦ. И покрај сето горенаведено, немаше бонус за „Најдобрата изведба на вечерта“.
Тие бонуси отидоа во рацете/џебовите на Јиржи Прохаска и Жаилтон Алмеида. Прохаска го нокаутира Хил Џамахал во третата рунда, додека Жаилтон Алмеида го победи Сергеј Спивак со технички нокаут на крајот од првата рунда. Можеше да има место за Махачев, без сомнение.
View this post on Instagram
Малку полесна работа Вајт имаше со бонусот за „Најдобрата борба на вечерта“. Умар Нурмагомедов и Мераб Двалишвили приредија меч за кој долго ќе се зборува и апсолутно заслужено дома однесоа дополнителни 50 илјади американски долари. Веруваме дека овој меч ќе се најде во бројни анкети за „Борба на годината“ на крајот на годината, а доколку веќе не сте го гледале, задолжително одвојте време да го погледнете овој спектакуларен меч.
View this post on Instagram