Американската асоцијација на боксерски комисии и боречки спортови (ACCS) одобри големи промени во правилата за професионални борби според правилата за ММА.
Од 1 ноември борците ќе имаат право да удираат со лакти во вертикален правец „12 до 6 часот“. Потсетуваме дека во 2019 година единствениот пораз на УФЦ шампионот Џон Џонс беше нанесен со дисквалификација поради употребата на токму ваков тип на удари со лакт на Мет Хамил.
Променет е и правилото за приземјени борци.
„Приземјен борец ќе се смета за борец кој ја допрел земјата/ подот со кој било дел од телото, освен со раката и стапалата. Во такви ситуации не може да биде удрен со колено или клоци во главата“.
Пред да се смени ова правило, ако борец го допре подот, дури и со една рака, тој се сметаше за приземјен, соборен. Со цел новите правила целосно да се применат во спортот, спортските комисии на поединечните држави мора да ги усвојат.