Шампионот во тешка категорија на Глори, Рико Верховен, се враќа да ја брани титулата против стар познаник. Верховен ќе го предводи настанот Глори 77 во реваншот со Џамал Бен Садик на 30 јануари. Во минатото видовме две бсредби меѓу нив, во кои си разменија по една победа со нокаут.
Верховен има скор 56-10 во кик-боксот и е во серија од 12 последователни победи. Рико нема пораз скоро 6 години и победи во 18 од последните 19 борби во рингот. Само 17 победи се со нокаут. Верховен веќе 7 години ја брани титулата во организацијата.
Џамал скор од 36-8 во рингот. Тој доби 29 борби со нокаут и е во серија од 4 последователни победи. Не се борел веќе две години и во последните настапи успеа да го освои турнирот на Глори во тешка категорија со победи над Рафа, Иносенте и Адегбај за една вечер.