Голема понуда за Мек Грегор да се бори со голи раце

Bare Knuckle Fighting Championship, односно Бокс организацијата со голи раце подготвува сериозна понуда за ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор. Ќе му понудат многу пари за да се бори со голи раце против Поли Малигнаџи.

Тие имаа закачка од пред неколку години. Мек Грегор го повикаи Малигнаџи да тренираат заедно пред борбата со Флојд Мејведер, но Мек Грегор успеа да испрати во нокдаун Малигнаџи и го пушти видеото на социјалните мрежи, што не му се допадна на Поли и не престанува да се оправдува и да го навредува Мек грегор, затоа што ја сокривал вистината. Сега Поли сега е борец на БФКЦ и тврди дека подготвуваат сериозна понуда.

„БКФЦ подготвуваат сериозна понуда за Конор, која ќе биде со многу пари. Тие ќе му понудат да се бори со мене во меч со голи раце. БКФЦ имаат многу повеќе пари отколку сите што претпоставуваат. Мислам дека ќе ми понудат деби во јуни против Артем Лобов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON