Репрезентативецот Гоце Јанески извојува голема победа на Меморијалнио меѓународен боксерски турнир „Драгослав Јаковлевиќ – Бабеа“ во Крагуевац, Србија, совладувајќи го 27-годишниот репрезентативец на оваа земја, Александар Костиќ, кој има 120 меча зад себе со 3-0.
Со оваа победа Гоце го доби пехарот за најдобар странски боксер и, всушност, го направи најголемиот успех, а со тоа најави и успешна сезона.
Покрај Јанески,на турнирот настапи и Јасмин Мифтар, исто така од БК Аперкат, кој боксираше нерешено со претстваникот на боксерскиот клуб од Лазаревац, каде што тренерот е од Куба. Тој подоцна му пристапил на Јасин и му рекол дека бил подобар од неговиот боксер и дека судиите донеле одлука каква што донеле.
„Пренесте и на Македонија дека има две момчиња кои би ги нарекол Аце Русевски“, изјави легенадрниот боксер Мирко Пузовиќ.
Гоце и Јасмин се приклучуваат на БК Крагуевац и ќе настапуваат во Првата лига на Србија,која популарно е наречена Лига легија поради големиот број на странски боксери, пред се од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и сега и од Македонија. Оваа е најсиланата лига во регионот.
Овој потег е добар за развојот на боксерите.
Ipon.mk/В.Д.